COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

702 нови случаи на Covid-19, 26 новозаболени лица од Охрид

Скопје, 8. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 6.480 тестирања, при што се регистрирани 702 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 280
• Струмица 49
• Куманово 47
• Штип 37
• Гостивар 33
• Тетово 28
• Охрид 26
• Кичево 19
• Битола 17
• Прилеп, Велес и Кавадарци по 16
• Свети Николе 14
• Радовиш 13
• Струга 10
• Ресен, Крива Паланка, Делчево, Виница и Пробиштип по 9
• Дебар 8
• Гевгелија и Берово по 5
• Кочани, Неготино и Кратово по 4
• Валандово и Демир Хисар по 2
• Македонска Каменица и Демир Капија по 1

Пријавени се 24 починати лица: 10 починати лица од Скопје (93, 85, 81, 70, 65, 63, 59, 57, 50 и 37 години), 4 починати лица од Гостивар (86, 75, 63 и 51 години), 2 починати лица од Прилеп (70 и 45 години) и по едно починато лице од Тетово (87 години), Кавадарци (67 години), Струмица (62 години), Кичево (61 години), Кочани (76 години), Дебар (60 години), Валандово (76 години) и Богданци (62 години). Од пријавените 21 е починат во болнички услови и 3 се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 1.119 оздравени пациенти од:

• Скопје 512
• Струмица 104
• Гостивар 102
• Куманово 79
• Кичево 56
• Велес 25
• Прилеп 24
• Штип 23
• Дебар 22
• Битола 21
• Кавадарци 18
• Кочани и Ресен по 16
• Радовиш 15
• Свети Николе 13
• Гевгелија 11
• Картово 10
• Пробиштип 8
• Делчево 7
• Тетово 6
• Неготино, Богданци и Македонски Брод по 5
• Виница 4
• Берово 3
• Валандово 2
• Струга, Крива Паланка, Крушево, Демир Хисар, Демир Капија, Дојран и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.203.819 тестирање на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.620, бројката на оздравени пациенти е 161.515, на починати е 6.153, а бројот на активни случаи изнесува 13.952. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука