ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Трагедија во Тетово: Во пожарот во модуларната болница загинаа најмалку 10 лица, покрената детална истрага

Тетово, 9. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во пожарот кој избувна вчера во модуларната болница во Тетово загинаа најмалку 10 лица, објавија од македонската Влада, која денеска ќе одржи вонредна седница.

Тројца обвинители од Основното јавно обвинителство во Тетово и двајца обвинители од Скопското јавно обвинителство се вклучени во увидот. Од истрагата се чекаат официјални информации за бројот на жртвите и за причините за пожарот. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, изјави дека нема да се даваат изјави сѐ додека истрагата не ја заврши работата.

– Договорено е и одлучено е да не се даваат изјави сѐ додека не се добијат официјални податоци во однос на прашањето колку пациенти имало во моментот и во однос на тоа која е причината за целата работа. Од што е настанат пожарот можат да утврдат само институциите, обвинителите и форензичарите, изјави Арифи.

Во модуларната болница беа обезбедени места за 35 пациенти. Во моментот на трагедијата во средата, во неа биле сместени вкупно 24 пациенти. (Крај)

извор: DW фото: DW

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука