Избор Свет

Мелбурн постави нов светски рекорд: Град со најдолго време поминато во локдаун

Мелбурн, 4. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Австралискиот град Мелбурн постави нов светски рекорд за град со најдолг локдаун поради коронавирусот.

Главниот град на сојузната австралиска држава Викторија, на источниот брег, во неделата броеше вкупно 245 дена, што ги помина со наредба да останат дома, пренесува Еј-Би-Си. Мелбурн со тоа го надмина претходниот рекорд што го држеше Буенос Аирес. Аргентинската престолнина издржа 234 дена карантин, од 20-ти март до 11-ти ноември 2020 година, а имаше и кратко десетдневно заклучување од 21 мај до 31 мај оваа година, објави Еј-Би-Си.

Мелбурн моментално е во шестото целосно затворање од почетокот на пандемијата на коронавирусот, а заклучувањето треба да трае најмалку уште три недели.

Бројот на инфицирани во државата Викторија неодамна го надмина соседниот Нов Јужен Велс, во кој бројот на случаи почна да опаѓа откако достигна очигледен врв.

Во Мелбурн, луѓето се на работ на своите нерви. Минатиот месец, демонстрантите излегоа на улиците за да протестираат против задолжителната вакцинација во градежниот сектор.

Се проценува дека федералната држава ќе постигне да ги вакцинацира лицата над 16 години на 26-ти октомври, со над 70 проценти, што ќе донесе крај на заклучувањето според утврдените правила.

Меѓутоа, државниот премиер Даниел Ендрјус рече дека не ја исклучува потребата од продолжување на воспоставените мерки доколку е потребно.

Австралија, со 25 милиони жители, долго време се бори со стратегијата за целосно искоренување на вирусот, но откако не успеа го спречи ширењето на делта сојот, се сврте кон целта за постигнување одредено ниво на вакцинација како излез од локдаунот.

Австралија има 105.000 случаи и повеќе од 1.200 смртни случаи поврзани со ковид. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука