Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Два медали за ученици од „Ванчо Питошески“ на меѓународен гастро натпревар во Златибор

Охрид, 4. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“ се вратија со златен и сребрен медал од 9-от меѓународен гастрономски натпревар во областа на угостителско- туристичка струка „ГАТУС 2021“, што се одржа во Златибор, Србија.

Учествуваа 11 екипи од сите поранешни југословенски републики, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.

Нашите тимови освоија златен медал во област готварство и сребрен медал за презентација на туристички аранжмани на тема рурален туризам.

Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат и внатре

Можно е да е слика од 1 лице, стоење и внатре

Во тимот готварство беа: Николче Ангелевски, Даниел Бутракоски и Даниел Ѓорѓиев, со менторот Милена Илијевска, додека во тимот хотелско туристички техничар: Антонио Ивановски, Ерол Брзев и Матеј Николов со менторот Марија Ѓорѓиоска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОУТУ „Ванчо Питошески“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука