Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Уште неколку дена до крајот на „Играј без нервози и Мерцедес вози“: Кој ќе ги вози двата прекрасни Мерцедеси?

Скопје, 29. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Како се намалуваат деновите до крајот, така расте возбудата во наградната игра „Играј без нервози и Мерцедес вози“.

Само неколку дена не делат од сумирање на резултатите и одговорот на прашањето кое пет месеци им создава пеперутки во стомакот на играчите на 2win.mk: кој ќе ги вози двата Мерцедеси?

Секој од добитниците во изминативе четири месеци има причина да се надева и да продолжи да игра, за да го засилува своето бодовно конто. Не згаснува надежта ниту кај Драган Стојков од Велес, кој, ако ништо друго, последните минути и часови од наградната игра ќе ги брои на нов, паметен часовник. Драган е еден од добитниците во четвртото коло, во категоријата спортско обложување. Редовен играч е на единствената легална платформа за онлајн игри на среќа 2win.mk, а најмногу сака да типува фудбалски натпревари и тоа „сингл“.

Броиме ситно до кулминација на наградната игра „Играј без нервози и Мерцедес вози“. За разлика од минатите четири кола, крајот на јануарското, петто коло носи двојна возбуда. На самиот почеток на февруари, не само што ќе ги дознаеме добитниците на 70 награди во оваа последна етапа (лаптопи, таблети, телефони, паметни часовници…), туку исто така ќе ја крунисаме наградната игра со добитниците на двете главни награди – автомобили Мерцедес. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука