Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведени три лица од Љубаништа поради незаконит риболов

Охрид, 29. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми јануари 2022 година, во 07:40 часот во авто камп „Љубаништа“ во охридското село Љубаништа, кај местото викано „Ќоше“, од страна на полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“, при Регионален центар за гранични работи Запад, лишени се од слобода лицата Б.С., С.Н. и М.С., сите од селото Љубаништа, затекнати како вршат незаконит риболов во водите на Охридското Езеро.

– Притоа кај нив биле пронајдени и одземени шест рибарски мрежи со вкупна должина од 360 метри со улов на риба и пловен објект. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Охрид против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл.229 од Кривичниот законик, за незаконит риболов, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука