Забава Избор ТОП ВЕСТИ

„D’Reamers“ со нов аудио и видео запис „Да исчезне сè“ (Видео)

Скопје, 29. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Синиша Карафилоски и Јордан Џејмс Ивановски во нивниот заеднички проект D’Reamers ексклузивно ја промовираат своја трета песна „Да исчезне сè“.

Самата композиција доби и видео запис, кој денес ексклузивно ви го преставуваме, снимен во GreenRoom Sound Studio, со сите протагонисти кои се јавуваат како изведувачи, продуценти, репрезенти на самата мелодија.

– Првично, видеото беше изработено пред 2 месеци, но после долги консултации, свативме да покрај ова официјално видео, самиот аудио запис добива и втор спот, односно една ретроспектива, која и беше како првична идеа за официјалниот спот, но, гледаме дека трендовите се движат кон одредена насока, и сакаме овој така замислен Тренди спот да биде примарен пред преостанатиот, изјавија креаторите на спотот.

Музиката и текстот за оваа песна е од страна на Синиша Карафилоски и Дамир Пух кој исто така го потпишува аранжманот, додека вокалната изведба е на Јордан Џејмс Ивановски и Наташа Миха која се јавува како специјален гостин и ко-автор на текстот.

Синиша и Џејмс информираат дека во финална фаза е и нивната четврта песна. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука