Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 8. степени

Охрид, 30. јануaри 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 8. степени.

– Под влијание на влажен бран во понеделник во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и во вторник и ќе се прошират насекаде. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. На повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Локални врнежи од снег ќе има и во среда претпладне, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука