Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на патот Охрид-Кичево, повредено едно лице од Велгошти

Охрид, 30. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти јануари 2022 година, во 21:45 часот на магистралниот пат А3 Охрид-Кичево, кај местото викано „Карпа“, патничко возилио марка „Фиат“, со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 43-годишниот Н.М. од охридското село Велгошти, излегло од коловозот.

– Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото е извршен од страна на увидна екипа од Полициска станица Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука