Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведен млад охриѓанец кој физички нападнал членови на семејството

Охрид, 30. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти јануари 2022 година во 21:50 часот, во СВР Охрид е приведен 21-годишниот Ф.П. од Охрид, кој претходно, во семејниот дом физички нападнал членови на семејството.

– При извршен преглед кај него е пронајден и одземен остар предмет. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука