Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГРК Охрид го совлада Бутел во борбата за пласман во плеј-оф

Охрид, 7. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари ја совладаа екипата на Бутел Скопје со еден гол разлика 26:25 (11:12).

„Гладијаторите“ до трите важни бодови во трката за место во плеј-офот дојдоа по еден неизвесен натпревар, со изедначен резултат до крајот. Најефикасен во нашиот состав беше Мице Шилегов со осум голови.

Охриѓани сега се шести на табелата со идентичен број поени, 28, со екипата на Пролет. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука