Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во Охрид приведен битолчанец, полицијата кај него пронајде фолија со остатоци од хероин

Охрид, 7. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Приведен битолчанец кај кого е пронајдена алуминиумска фолија со остатоци од хероин.

– На 6-ти февруари 2022 година, во 14:55 часот во СВР Охрид приведен е 23-годишниот Б.В. од Битола. При преглед, извршен на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа алуминиумска фолија со остатоци од хероин. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор. СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука