Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Незаконит риболов кај Пештани и Трпејца, полицијата пронајде 6 рибарски мрежи и 8 парчиња охридска пастрмка

Охрид, 7. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти февруари 2022 година, во периодот од 17:00 до 22:00 часот, на подрачјето на Охрид реализирани се акциски контроли по Закон за рибарство и аквакултура и незаконит риболов, информираат од СВР Охрид. 

Притоа, во атарот на селото Пештани биле затекнати две лица кои со мрежи вршеле незаконит риболов, додека кај месноста „Надол“, атар на селото Трпејца, пронајдени и одземени се шест рибарски мрежи и осум парчиња нелегално уловена риба охридска пастрмка.

– Акциските контроли, со цел пронаоѓање на лица што вршат незаконит риболов ќе бидат интензивирани во различни временски периоди и на различни места долж Охридското езеро, додаваат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука