Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Ново поскапување на бензините и дизелот

Скопје/Охрид, 7. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од полноќ повторно раст на цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,50 денари, додека на Еуродизелот (Д-Е V) за два денари.

Се зголемува и цената на мазутот за 1,815 денари/килограм.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81 денари/литар
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83 денари/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 73,50 денари/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 73 денари/литар
  • Мазут М-1 НС – 46,537 денари/килограм. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука