Економија Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Општина Охрид донесе одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЗ 12, УБ 12.3 – опфат 2

Охрид, 7. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 65, став (6) од Законот за животна средина („Сл. весник на РМ“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18), Општина Охрид, на 4-ти февруари 2022 година, донесе Одлука за неспроведување на стратегиска оцена.

– За планскиот документ ДУП за УЗ 12, УБ 12.3 – опфат 2, Општина Охрид, кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид, ohrid.gov.mk, информираат од охридската локална самоуправа.

Додаваат дека согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ДУП за УЗ 12, УБ 3-опфат 2, Општина Охрид, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето и изработувањето на планот е согласно одобрена Планска програма со тех. Бр.74-21 од февруари 2022 година, а основ е постојниот ГУП за град Охрид.

– Со реализација на планскиот документ е предвидена следната класа на намени: А-домување и престој, Е1-сообраќајни, линиски и други инфраструктури и Д1-паровско зеленило, со можност за вградување на компатибилни класи на намена на основната, во рамки на дозволениот процент. Во планскиот документ се содржат мерки за заштита од сите аспекти, а овој плански документот нема значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Исто така во планскиот опфат зеленилото се предвидува во рамките на градежната парцела. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот и задоволување на потребите на жителите на овој плански опфат. Против ова одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната, потенцираат од Општина Охрид.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука