Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар-Кичево преку превојот Стража

Скопје/Охрид, 7. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на неколку патни правци, информираат од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од 20:00 часот сите тешки товарни возила кои се движат преку планискиот превој Плетвар мора да имаат поставено зимска опрема (синџири).

Од 18:35 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово-Дебар и Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово и Стража. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука