Избор Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга-г.п. Ќафасан

Скопје/Струга, 8. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга-г.п. Ќафасан, информираат од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има и на патнот правец крак Маврово-Дебар.

– Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози,а на повисоките места со остатоци од кашест снег по интервенција од дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука