Избор Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Укинати забраните за тешки товарни возила на Стража, Струга-г.п. Ќафасан и Маврово-Дебар

Скопје, 8. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Укината е забраната за сообраќај на тешки моторни возила на планинскиот премин Стража.

Од АМСМ информираат и дека од 09:00 часот се укинати забраните на правецот крак Маврово – Дебар и Струга – г.п. Ќафасан.

Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози,а на повисоките места со остатоци од кашест снег по интервенција од дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука