Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Утре, од 11:00 до 14:00 часот ќе се изведува минирање на патниот правец во изградба А2 Кичево-Охрид

Охрид, 14. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Утре ќе се  изведуваат градежни активности (минирање) на патниот правец во изградба А2 Кичево-Охрид, на делот Пресека-Песочан, во периодот помеѓу 11:00 и 14:00 часот, информираат од АМСМ.

Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука