Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Атлетичарот Јован Стојоски го собори државниот рекорд на 400 метри во сала стар 35 години

Будимпешта, 21. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Атлетичарот на АК „Охрид“ Јован Стојоски го собори македонскиот државен рекорд стар 35 години во дисциплината 400 метри во сала, на атлетскиот митинг во Будимпешта.

Стојоски истрча за време од 47,18 секунди, со што успеа да го надмине својот поранешен тренер Исмаил Мачев кој на истиот митинг во 1987 година истрча за време од 47,49 секунди и три и пол децении го држеше државниот рекорд во оваа дисциплина.

Нема достапен опис

– Соборен државниот рекорд кој мојот покоен тренер го постави во оваа сала пред точно 35 години. Маки, кога почина, пред тебе се заколнав дека ќе го срушам секој твој рекорд. Се гледаме еден ден, те сакам и ми недостигаш, нашиша Стојоски на Фејсбук.

Стојоски подолг период наназад постигнува одлични резултати и освојуваше медали на трки во сала и на отворено. Тој е државен првак, рекордер во пет дисциплини и стипендист на МОК. Минатата година ја претставуваше Македонија на Летните Олимписки Игри во Токио, во атлетика (400 метри).

Следен предизвик за Стојоски е Светското атлетско првенство во Белград. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука