Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид викендов спроведе засилени сообраќајни контроли, казни за 41 возачи во Охрид

Охрид, 21. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти февруари 2022 година, во периодот од 12:00 до 18:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли при што, полициските службеници во Охрид, регистрираа 41 пречекорување на дозволената брзина (16 надвор од населено место, 25 во населено место).

– Во Струга, затекнати се 42 возачи кои возеле моторно возило со брзина поголема од дозволената (6 надвор од населено место, 36 во населено место), во Кичево евидентирани се 16 пречекорувања на дозволената брзина (2 надвор од населено место, 14 во населено место). Во Дебар 22 возачи, управувале моторно возило со поголема брзина од дозволената (10 надвор од населено место, 12 во населено место). Против овие возачи преземени се соодветни законски санкции. Сите учесници во сообраќајот, доследно да се придржуваат до сообраќајните правила и прописи, а посебно, возачите на моторни возила да ја прилагодуваат брзината според поставената сообраќајна сигнализација и према условите и состојбите на патот, апелираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука