ЕКОЛОГИЈА Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Граѓаните ќе добијат пластични канти од 120 литри за селекција на отпад на домаќинствата

Охрид, 21. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Програмата за заштита на животна средина и природа секоја година ќе се врши доделување на пластични канти од 120 литри за селекција на отпад на домаќинствата на територија на Општина Охрид.

– Оваа година канти ќе добијат индивидуалните домаќинства на следните улици: „Григор Прличев“, „Петар Чауле“, „Боро Шаин“, „Христо Узунов“, „Аргир Маринчев“, „11-ти Октомври“, „Бранко Шотра“, „Нада Филева“ и „Димче Маленко“. Граѓаните кантите ќе можат да ги подигнат во просториите на ЈП „Охридски Комуналец“, РЕ „Механизација“ на улицата „АСНОМ“. При подигнувањето на кантите треба да приложат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење и сметка за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад од ЈП „Охридски Комуналец“. Кантите ќе може да се подигнат секој работен ден (од понеделник до петок) во периодот од 01.03.2022 до 31.03.2022 година, од 07:00 до 13:00 часот. Граѓаните кантите за отпад треба да ги оставаат на лесно достапни места за возилото за собирање на отпад согласно предвидената динамика за собирање на отпадот од наведената улица, информираат од охридската локална самоуправа.

Додаваат дека целта на оваа активност е да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигање на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина. Во голема мера отпадот се собира во нестандарна амбалажа, а со собирање во пластични канти се подобруваат хигиенско-санитарните услови, заради тоа што нема непријатни миризби и нема разнесување на отпадот и формирање на диви депонии. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука