ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Припадници на групата „Лев Тахор“ донесени во охридското село Горно Лакочереј, жителите најавуваат протести

Охрид, 21. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Припадници на еврејската група „Лев Тахор“ од ноќеска се во Горно Лакочереј.

Жителите на ова охридско село веднаш штом ги виделе, велат оваа група треба да си замине. Тие веќе се организираат да протестираат.

– Сектата е донесена ноќеска и сместена е во хотелот во нашето село. Ние ќе реагираме на ова затоа што во Лакочереј ја донесоа сектата што ја бркаат од целиот свет. Нив не ги примаат ни во Америка ни Израел, а овде ги донесоја со обезбедување. Сега се собираме и одиме да бараме да ги дислоцираат. Ова е за нив изворче на нафта од кое што ќе прават пари во хотелот, а ние цело село ќе се плашиме и ќе сме вознемирени од нивното присуство. Ова нема да го оставиме вака, вели за порталот Охрид 1 Илче Настоски, жител на Горно Лакочереј. (Крај)

извор: Охрид 1 фото: DW

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука