Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за стружанец кој изградил објект на улицата „Боро Дуни“ во Струга без соодветна документација

Струга, 21. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 77-годишниот С.А. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

– Тој, во својство на инвеститор на градба на земјиште негова сопственост, лоцирано на улицата „Боро Дуни“ во Струга, неовластено изградил објект за домување иако знаел дека тоа е спротивно на основниот проект и дозволата за градење добиена од надлежните институции. Од извршената контрола, градежната инспекција од општина Струга изготвила записник за констатираните неправилности, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука