Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Членови на охридското здружение „Интеракција“ дел од делегацијата македонски Бугари кои во Софија ќе бараат поддршка од Радев и Петков

Скопје/Охрид, 21. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Членови на охридското здружение „Интеракција“ ќе бидат дел од делегацијата од македонски Бугари кои деновиве ќе престојуваат во Софија каде ќе имаат средби со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Кирил Петков, тамошното Министерство за надворешни работи и претставници на политичките партии.

– Нашата главна цел е да ја запознаеме бугарската политичка елита со нашите проблеми и тешкотии со кои се соочуваме во секојдневниот живот во нашата земја. Воедно, отворено ќе ги поставиме прашањата за кои сметаме дека треба да се решат во блиска иднина, изјавил лидерот на ГДУ, Петар Колев, кој ќе учествува на разговорите во бугарската престолнина.

Дел од делегацијата македонски Бугари во Софија, покрај охридска „Интеракција“ ќе бидат претставници од културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола, здружението „Трибуна“ од Прилеп, здружението „Македонско-бугарско пријателство“ од Скопје, здружението „Коридор 8“ од Скопје, здружението „Единство“ од Кочани и ПП Граѓанско-демократски сојуз (ГДУ). Делегацијата ќе биде составена од Љупчо Георгиевски, Георги Царномаров, Благој Шаторов, Владимир Перев, Атанас Величков, Игор Билбиловски, Илија Стојановски, Александар Димитровски, Димче Петкоски, Георги Трендафилов и Петар Колев. (Крај)

извор: slobodenpecat.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука