Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Уште една сообраќајка на местото каде вчера загина младиот охриѓанец

Охрид, 22. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На местото каде вчера загина млад охриѓанец, денеска се случи нова сообраќајна несреќа.

За среќа, овојпат немаше жртви, а инцидентот помина само со причинета материјална штета, јави порталот Скопје1.мк.

Незгодата се случи на патниот правец Охрид-Подмолје, помеѓу две возила со охридски регистарски ознаки. Според првичните информации, во незгодата учествувале возило марка „Ренџ ровер“, во кое удрил друг автомобил. Патот беше блокиран скоро еден час, по што, сообраќајот се одвиваше без застој.

Незгодата се случи само еден ден откако на истата локација загина  30-годишниот Х.К. од Охрид, а уште едно лице се здоби со тешки телесни повреди. (Крај)

извор: Скопје 1 фото: Скопје 1

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука