Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска крводарителска акција во Службата за трансфузиона медицина

Охрид, 23. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Дарувај крв, спаси живот, биди нечиј херој“, денеска ќе се одржи крводарителска акција во Службата за трансфузиона медицина во Општата болница.

Акцијата ќе се одржи во периодот од 09:00 до 12:00 часот.

– Ги охрабруваме сите ученици кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија, велат од охридскиот Црвен крст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука