Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Претрес во Охрид, пронајден пиштол и куршуми

Охрид, 15. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од СВР Охрид, денеска околу 12:25 часот, на улицата „Партизански одреди“ во Охрид го лишија од слобода 36-годишниот Т.А. од Охрид.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол марка „Бровинг“ калибар 7.65 милиметри и 40 куршуми. За настанот е запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука