Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведен жител на Велешта кој неодамна пукал од огнено оружје во хотел во Струга

Струга, 15. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти март 2022 година, околу 22:30 часот, во ОВР Струга приведен е 41-годишниот Б.Н. од струшкото село Велешта.

– Приведувањето е извршено по решение од Основен суд Струга и определена мерка притвор во траење од 30 дена, по што тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор – Охрид. Тој, на 25-ти февруари 2022 година, околу 14:00 часот, по претходна вербална расправија со 52-годишниот Б.А. од Струга, во хотелски објект на улицата „Партизанска“ во Струга пукал од огнено оружје, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука