Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Градско фудбалско дерби меѓу Охрид Лихнидос и Воска спорт

Охрид, 20. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Љубителите на фудбалот денеска ќе можат да навиваат за својот фаворит на градското дерби меѓу екипите на Охрид Лихнидос и Воска спорт.

Натпреварот во рамки на 20-то коло во Втората лига ќе е одигра на стадионот „Билјанини извори“ од 15:00 часот, а влезот е слободен.

– Сите заедно да навиваме и да ги бодриме нашите фудбалери од ГФК Охрид Лихнидос. Дојдете да бидеме во што поголем број на новата трибина на градскиот стадион „Билјанини извори“, порачуваат од клубот.

„Рибарите“ се осми на табелата со 19 бодови, додека екипата на Воска Спорт е на второто место со 42 бодови, само пет помалку од лидерот Силекс.

Со одлука на ФФМ, од следната натпреварувачка сезона ќе има единствена Втора лига што ќе брои вкупно 16 екипи, па според оваа одлука јасно е дека од актуелната сезона во Втората лига испаѓаат по две екипи, деветто и десеттопласираните од двете второлигашки конкуренции (исток и запад). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука