Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска во 16:33 часот започнува пролетта

Охрид, 20. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Пролетта почнува денеска во 16:33 часот, кога на јужната земјина полутопка почнува есента.

За првиот пролетен ден што ќе трае 12 часа и 5 минути метеоролозите предвидуваат сончево и студено време со мала локална облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец.

Пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 54 минути, односно до 21-ви јуни 2022 година во 11:13 часот, кога почнува летото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука