COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

214 нови случаи на Covid-19, 10 новозаболени и 8 оздравени лица од Охрид

Скопје, 20. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.133 тестирања, при што се регистрирани 214 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 135
• Битола 20
• Прилеп и Охрид по 10
• Кавадарци 8
• Струмица 7
• Куманово 5
• Кочани 4
• Тетово, Велес, Кичево и Гевгелија по 2
• Штип, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Вландово и Виница по – 1

Од вкупниот број на позитивни (214), регистрирани се 33 реинфекциии. Од вкупниот број на починати лица (8), кај 7 се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: по две починати лица од Скопје (83 и 79 години) и Битола (78 и 68 години) и едно починато лице од Кочани (76 години). Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 3 починати лица, од Скопје (1), Куманово (1) и Тетово (1), на возраст од 59 до 69 години. Пријавените лица се починати во период од 12.02. до 25.02.2022 година. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови и две лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 96 оздравени пациенти од:

• Скопје 64
• Охрид 8
• Куманово и Велес по 5
• Кавадарци 4
• Битола 3
• Кочани 2
• Кичево, Гевгелија, Струга, Радовиш и Кратово по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.937.970 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.354, бројот на оздравени пациенти е 292.048, на починати е 9.180, а бројот на активни случаи изнесува 2.126. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука