Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 9 возачи во Охрид кои управувале моторни возила под дејство на алкохол

Охрид, 21. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти и 20-ти март, во периодот од 22:00 до 03:00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведена е контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

– Притоа, кај 16 возачи (Охрид-9, Струга-3, Кичево-2, Дебар-2) утврдено е дека управувале моторно возило под дејство на алкохол Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. Полициските службеници во Охрид регистрирале и санкционирале 15 возачи кои со своите возила извршиле непрописно престигнување, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука