Избор Култура Струга ТОП ВЕСТИ

Јапонецот Шунтаро Таникава е добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата

Струга, 21. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП) за 2022 е Шунтаро Таникава, кој беше опишан како најзначајниот жив јапонски поет.

Деведесетгодишниот Таникава е вториот јапонски лауреат во Струга, по Макото Оока во 1996.

– Таникава е еден од најпродуктивните, најчитани и највлијателни поети од Јапонија на сите времиња. Преведен е на многу јазици и освоил бројни награди во Јапонија и странство. Објавил повеќе од 80 поетски збирки, а пишувал и драмски текстови, филмски сценарија, есеи и литература за деца“, стои во образложението на Управниот одбор на СВП.

Во издание на СВП, во 2005 е преведена и објавена неговата книга „Дреболии“.

Наградата Мостови на Струга, која од 2004 се доделува за најдобра дебитантска збирка на автор под 35 години, ја доби Италијанецот Џерардо Мазучо (1991) за поетскиот првенец „Еден човек живеел тука“. Книгата наскоро ќе биде преведена на македонски јазик во издание на СВП. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука