ЕКОЛОГИЈА Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Одбележување на Светскиот ден на водите, годинашна тема се подземните води

Скопје, 22. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, според календарот на Обединетите нации, на планетата земја се одбележува Светскиот ден на водите.

За да може да се справи општеството со кризата за вода и да го овозможи правото на вода, Обединетите нации го признаа правото на вода како елементарно човеково право за обезбедување чиста и здрава вода за пиење.

Со повеќе манифестации, Денот ќе биде одбележан и кај нас.

Ќе се одржи презентација на Дигиталната водна книга, база на податоци за управување со водите и на Методологијата за мониторинг на водните тела на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

– Јавна евиденција на водните дозволи ќе овозможи граѓаните да откриваат компании и претпријатија кои незаконски и без дозвола користат или испуштаат во вода или пак ископуваат песок, чакал и камен од реките и езерата. На државните органи, пак, јавните податоци ќе им помогнат да ги санкционираат оние кои не постапуваат според дозволите и да ја спречат деградацијата на водите. За реалната слика за водните ресурси, важен е и мониторингот кој треба да покаже каков е квалитетот и кванитетот на водите во реките и езерата и кои се загадувачките материи, истакнаа од Институтот за комуникациски студии (ИКС).

Светскиот ден на водата датира од 1992 година. Секоја година се одбира тема која одговара на сегашниот или идниот предизвик. Кампањата за ангажман е координирана од една или повеќе членки на UN-Water, поврзано со мандатот.

flaer

Темата на Светскиот ден на водата во 2022 година се подземните води. Подземните води се невидливи, но нивното влијание е видливо насекаде.
Надвор од очите, под нашите нозе, подземните води се скриено богатство што ги збогатува нашите животи. Во најсушните делови на светот, тоа можеби е единствената вода што луѓето ја имаат. На многу места, човечките активности прекумерно ги користат и ги загадуваат подземните води. На други места едноставно не знаеме колку вода има таму долу.

Подземните води ќе играат клучна улога во прилагодувањето на климатските промени. Треба да работиме заедно за одржливо управување со овој скапоцен ресурс. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука