Избор Локална самоуправа

Нова водоводна линија во населба „Шипокно“

Охрид, 22. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Водовод“, по налог на Општина Охрид, изведуваат градежни активности за поставување на 400 метри цевковод во населба „Шипокно“.

Вредноста на зафатот изнесува 1 милион и 700 илјади денари. Средствата се одвоени од буџетот на општина Охрид.

Со овој зафат значително ќе се подобри водоснабдувањето во населбата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука