Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози

Скопје/Охрид, 23. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.

– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Патниот правец Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2021 до 01.04.2022 година. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука