Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 11. степени

Охрид, 23. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и малку потопло време со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 11. степени.

– Во следните денови ќе преовладува сончево и се потопло време со мала до умерена локална облачност. Денес ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч) најизразен вдолж Повардарието. На крајот на работната недела ветерот ќе премине од северен кон јужен и ќе има зголемување на облачноста, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука