Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Со настан на Главната метеоролошка станица во Охрид ќе се одбележи Светскиот ден на метеорологијата

Охрид, 23. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ќе го одбележи Светскиот ден на метеорологијата, 23-ти март, со учество на виртуелниот вебинар организиран од Светската метеоролошка организација (СМО) и со настан на Главната метеоролошка станица во Охрид.

Темата на Светскиот метеоролошки ден оваа година е „Навремено предупредување и навремена акција“.

Светската метеоролошка организација, како наследник на Меѓународната метеоролошка организација, формирана во 1873 година, ја има својата основна мисија да ги поддржи земјите на светот во обезбедување на метеоролошки и хидролошки услуги со цел за заштита на човечките животи и имот од природните непогоди поврзани со времето, климата и водите, за зачувување на животната сердина и за придонес кон одржлив развој.

Од 1961 година, Светскиот метеоролошки ден го одбележува датумот 23-ти март 1950 година кога стапува во сила Конвенцијата за основање на Светската метеоролошка организација со тема од значаен интерес.

– Целта е да се одбележат големите достигнувања на националните метеоролошки и хидролошки служби во усовршувањето на системите за рано предупредување во последните години. Истовремено се нагласува виталната работа на заедницата која работи на намалувањето на ризикот од катастрофи да осигура дека овие рани предупредувања водат кон рана акција, наведуваат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР/Независен фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука