Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Семејството од Украина за кое се собираше помош во Охрид, сместено во Струга

Струга/Охрид, 23. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Семејството од Украина со шест деца, за кое се собираше хуманитарна помош во Охрид, е сместено во соседна Струга.

Марија Орловскаја вели дека Македонија е прекрасна земја која има убави и љубезни луѓе.

– Ќе ви бидеме благодарни за вашата помош со веганска храна, облека и обувки за деца, пелени за најмалите. Сакаме и ние да бидеме корисни. Јас сум доктор, нутриционист, лекувам со билки, сопругот и јас правиме масажи и водиме часови по јога. Можам да ви помогнам да го подобрите вашето здравје, и да се опоравите од многу болести, и да се спречат. Можеме да испланираме здрава исхрана за вас и да ве научам да готвите. Мојот сопруг прави масажа, работи јога, поправа компјутери, прави веб-страници, имаме минибус и приколка и може нешто да пренесе за мал надомест. Нашата најстара ќерка и нејзината пријателка (која што ја напушти Украина без нејзините родители) имаат 15 години, свират на гитара и добро пеат, тренираат кучиња професионално и можат да помогнат да ја средат вашата градина или да го прошетаат кучето. Ќе бидеме многу среќни да запознаеме нови луѓе тука и да бидеме корисни. Имаме големо семејство, најмалиот син има 1 месец. Веруваме дека ќе успееме да го поминеме овој тежок период со ваша помош, пишува Орловскаја на Facebook.

Мила Јордевски, која живее во Охрид вчера испрати апел до сите кои можат да му помогнат на семејство бегалци кое во Охрид пристигна од Запорожје, Украина. (Крај)

извор: emagazin.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука