ЕКОЛОГИЈА Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Барање за покренување кривична постапка по вонредниот инспекциски надзор на опожарената трска во село Калишта

Струга, 23. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – По претходно добиена медиумска информација за опожарување на трските во Охридското Езеро во близина на струшкото село Калишта, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) спроведе вонредниот инспекциски надзор и поднесе барање за покренување Кривична постапка до Јавно Обвинителство во Струга за сторено кривично дело: Загадување на животна средина и природата.

Инспекцискиот надзор е извршен на потегот помеѓу Струга и село Калишта, каде што при увидот е константирано дека на брегот од Охридското Езеро има уништување на трска и друга вегетација, со опожарување во должина од околу 450 метри и ширина од 50метри лево од пешачката патека која води од Струга спрема селото Калишта, а запалена вегетација на две локации имало и десно помеѓу патеката и регионалниот пат Струга – село Калишта.

Можно е да е слика од природа, небо, дрво и текст кој вели „17.3.2022 at 12:23:03 R420 6333 Struga North Macedonia 17.3.2022 at 12:23:12 R420 6333 Struga North Macedonia“

– Со оглед на општинските надлежности кои произлегуваат од Законот за управувањето со природното и културното наследство во Охридскиот регион, доставен е допис до општина Струга со укажување дека општината е одговорна за управување и спроведување на мерки и активности за заштита и промовирање на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и спречување на активности кои негативно влијаат врз исклучителните вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион. Имателите на светско природно и културно наследство во Охридскиот регион се одговорни за одржувањето, чувањето, почитувањето и правилното користење на природното и културното наследство. Општина Струга како имател на светското природно наследство треба да постави знак за светското наследство и преземање на мерки што произлегуваат од Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, соопштија од ДИЖС.

По инспекцискиот надзор изготвена е и фотодокументација, а ДИЖС поднесе барање за отпочнување Кривична постапка до ОЈО Струга против непознат сторител. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ДИЖС

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука