Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Мартовските пензии со дополнителните 1.000 денари ќе почнат да се исплаќаат од 29-ти март

Скопје, 23. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – За повеќе од 330 илјади пензионери мартовската пензија ќе биде повисока за 1.000 денари со што се реализира договорената директна интервентна финансиска помош, која со истата сума ќе биде вклучена и во април и мај.

Мартовски пензии преку мрежата на банкомати ќе бидат достапни од 29-ти март, а од овој ден во бванките ќе започне готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички. Исплатата ќе оди во четири групи според висината на пензијата, и тоа:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2022 година (вторник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2022 година (среда);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2022 година (четврток) и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2022 година (петок).

Финансиската поддршка, како и зголемувањето на пензиите според новата методологија, ќе бидат исплатени од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со што се потврдува неговата стабилност како резултат на добрите економски политики на Владата и на успешното менаџирање на Фондот и креираните резерви, информираат од Владата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука