Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведен крадец од Албанија со нелегален престој во Струга

Струга, 23. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри март 2022 година, во 15:30 часот во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишиле од слобода 41-годишниот Н.Х. од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ и поради нелегален престој.

– Тој бил задржан во Полициска станица за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука