Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид: Се бара 57-годишен охриѓанец кој се оддалечил од домот

Охрид, 23. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри март 2022 година, во СВР Охрид било пријавено дека 57-годишниот В.Ќ. од Охрид се оддалечил од семејниот дом.

– Се преземаат мерки за негово пронаоѓање, информираат од СВР Охрид.

Апел: Исчезнат е 63 годишниот Ќосески Владо, последен пат е виден вчера на Градскиот кеј

Синоќа по социјалните мрежи се рашири апел за пронаоѓање на лицето Ќосески Владо, кој последен пат бил виден на 21-ви март во 13:00 часот.

Во апелот стои дека тој бил излезен на пешачење, облечен во темно сина јакна, темно сиви фармерки, плави патики, носел плетено капче. Виден е на Градскиот кеј, во близина на хотел „Тино“.

Се замолуваат сите граѓани, доколку го виделе или имаат информации кои можат да помогнат за негово пронаоѓање, веднаш да се јават на телефонскиот број 075/424-255. (Крај)

извор: МВР/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука