Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Известување на намирување на долговите од ЈП „Градски гробишта“

Охрид, 24. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈП „Градски гробишта“ ги известуваат сите физички и правни лица кои имаат долг спрема претпријатието по било кој основ (гробарина, гробно место, услуга или обврски кои произлегуваат од склучени договори со правни лица), дека доколку не го подмират во целост најдоцна до 31-ви март 2022 година, ќе се пристапи кон преземање на соодветни правни дејствија пред нотар и извршител.

Исто така ЈП „Градски гробишта“ ги известува сите граѓани кои се старатели на гробни места дека во тек е изработката и доставата на годишните сметки за гробарина.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука