ГКК Охрид в сабота на домашен терен игра со КК Партизан Водно-санс
Охрид, 24. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на градскиот клуб Охрид в сабота на домашен терен го пречекува тимот на КК Партизан Водно-санс.
Натпреварот е во рамки на 19-то коло од Втората Македонска кошаркарска лига, а тимот на Водно санс е директен конкурент за разигрување во плеј-офот.
– За да ја оствариме таа цел покрај максималната борбеност на играчите ќе ни треба и поддршка од трибините. Ги повикуваме сите љубители на кошарката, дојдете заедно да придонесеме да го гледаме ГКК Охрид во плеј-офот, велат од клубот.
Натпреварот ќе се одигра во спорстката сала „Билјанини извори“ со почеток во 13:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |