Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Во ОУ „Ванчо Николески“ одржана едукација за борба против трговија со луѓе

Охрид, 24. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во ОУ „Ванчо Николески” од село Лескоец беше одржана врсничка едукација за борба против модерното ропство – трговијата со луѓе.

Едукацијата ја држеа сертифицирани врснички едукатори од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, а беа опфатени 25 ученици од деветто одделение.

Преку прилагоден модел за ученици, интерактивен пристап и на мошне интересен начин учениците се запознаа со феноменот и опасностите од трговија со луѓе. Целта е да се едуцираат учениците, да се поткрене нивната свест и да научат како да се заштитат од овој социјален феномен, во кој најголема мета се токму младите лица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: „Ванчо Николески”

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука