Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

„Филмско“ приведување во Охридското Езеро: Албански државјанин скокнал во езерото во обид да избега, полицијата пукала во воздух…

Струга, 11. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти април 2022 години, околу 15:00 часот во близина на караула Радожда, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ го лишиле од слобода 48-годишниот Ј.Б. од Република Албанија поради нелегален влез во државата.

– Во наведеното време, откако ги забележал полициските службеници, скокнал во Охридското Езеро и се обидел пливајќи да побегне, но набргу бил фатен и приведен. Притоа, полициски службеници испукале неколку куршуми во воздух како предупредување. При преглед кај него бил пронајден нож на расклопување. Тој бил предаден во Полициската станица за граничен надзор Франгово, и од инспектор од Отсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Запад изречена му е мерка „Забрана за влез во Република Македонија“. Инаку, на први декември 2019 година Ј.Б. бил фатен над селото Радожда како со пловен објект врши кривично дело „незаконит риболов“, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука