Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со температура до 19. степени

Охрид, 14. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 19. степени.

– До петок ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Во сабота ќе има зголемена облачност, а од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно, ветровито и значително постудено време со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, особено во јужните и источните делови, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука