Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Воска Спорт денеска во Струмица ќе се бори за пласман во Првата македонска фудбалска лига

Струмица/Охрид, 22. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Воска Спорт, тимот кој беше хит сезонава во Втората македонска фудбалска лига – Запад, денеска во Струмица ќе го одигра најважниот натпревар во својата досегашна историја.

Против Тиквеш во баражот ќе се бори за пласман во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Охрид го делат само 90 минути од навистина сензационален успех.

– Ова е несомнено еден од најголемите успеси во историјата на тимот, порачаа од Воска Спорт.

Раде Цицмиловиќ, стратегот на Воска Спорт во пресрет на денешниот меч во Струмица, за порталот „Спортмедиа“ истакна дека Тиквеш е фаворит, но дека Воска Спорт за овој натпревар се подготвува цела сезона и без оглед на тоа против кого играат нема така лесно да се откажат од целта, а тоа е победа која за клубот ќе значи и историја.

Натпреварот започнува во 17:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес/Спортмедиа фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука